ПОВЕЌЕ

    Првиот чекор кон квантно-безбедна иднина со Samsung Knox

    Време зa читање: 4 минути

    Samsung Electronics развива нова генерација на мобилна безбедност, започнувајќи од серијата Galaxy S25. Оваа технологија, позната како пост-квантна криптографија (PQC), користи напредни алгоритми за да обезбеди заштита од потенцијалните ризици што квантните компјутери ги поставуваат за традиционалните методи на енкрипција.

    Samsung Newsroom ја истражува иднината на дигиталната безбедност за да разбере зошто Samsung веќе презема заштитни мерки.

    Поглед кон иднината

    Квантните компјутери претставуваат една од најреволуционерните области во модерната технологија, нудејќи неспоредливи можности за решавање комплексни проблеми. Со искористување на моќта на квантните компјутери, сложените предизвици може да се решат експоненцијално побрзо отколку со традиционалните компјутери –  во бројни индустрии, од медицина до логистика. На пример, квантните алгоритми можат да ги оптимизираат синџирите на снабдување или да ја подобрат точноста во транспортните системи.

    Сепак, оваа огромна компјутерска моќ носи и ризици. Бидејќи квантните алгоритми имаат потенцијал да пробијат одредени методи за шифрирање што се користат за заштита на денешните податоци, решавањето на оваа ранливост е од клучно значење за да се обезбеди заштита на податоците во иднина.

    Иако не се очекува квантните компјутери веднаш да достигнат целосна примена, навременото преземање мерки е неопходно за заштита од т.н. „собери сега, дешифрирај подоцна“ закани – при што напаѓачите собираат податоци сега, со цел да ги дешифрираат со идните квантни можности.

    Редефинирање на стандардите за заштита

    Samsung работи на пост-квантна криптографија (PQC) со цел енкриптираните податоци да бидат безбедни во свет управуван од квантни компјутери.

    Компанијата внимателно ги следи стандардите препорачани од Националниот институт за стандарди и технологија (NIST) [1] за заштита од напади со квантни компјутери. На пример, алгоритамот ML-KEM (Module-Lattice-Based Key-Encapsulation Mechanism) користи математика базирана на решетки – комплексни повеќедимензионални структури кои ги прават енкрипционите клучеви исклучително тешки за решавање, дури и за квантните компјутери. Овој алгоритам е идеален за безбедна комуникација меѓу поврзани уреди, нудејќи робусна заштита, оптимизирани перформанси и минимална размена на податоци.

    PQC стандардите на NIST ги обезбедуваат сите видови електронска комуникација – од доверливи е-пораки до е-комерц трансакции. За Samsung, овие стандарди претставуваат начин да се осигури безбедноста на податоците на клауд во иднина и да се заштитат од квантни закани.

    Стратешкиот пристап на Samsung

    Посветени на заштитата на корисничките податоци додека технологиите како квантно пресметување се развиваат, Samsung ја воведува пост-квантно подобрената заштита на податоци (EDP) во Samsung Knox Matrix – водечката безбедносна платформа за поврзани уреди.

    Во моментов, EDP функцијата овозможува енкрипција од крај-до-крај на корисничките податоци кога се прави резервна копија, враќање и синхронизација на личните податоци преку Samsung Cloud.

    Со интеграцијата на PQC технологијата во Knox Matrix, додаден е уште еден слој на заштита, поставувајќи нов стандард за клауд безбедност на мобилните уреди. Компатибилноста на Knox Matrix низ уредите обезбедува непречена квантно-безбедна заштита за резервните копии на Samsung Cloud и синхронизираните податоци меѓу паметните телефони, телевизорите и дигиталните уреди.

    Оваа функција е достапна во новата серија Galaxy S25, како првите уреди што работат на One UI 7, обезбедувајќи засилена заштита од заканите на квантното пресметување за корисниците на Galaxy.

    Samsung предводи безбедна иднина

    Во динамичното дигитално опкружување, подготовката за потенцијални закани не е избор, туку неопходност. Како што квантното пресметување станува сè пореално, потребата за идна заштита на податоците станува сè поочигледна.

    Серијата Galaxy S25 е првата во индустријата што поддржува PQC- базирана заштита на податоците на клауд, поставувајќи нови стандарди за безбедност во претстојната ера на квантното пресметување.

    Во иднина, Samsung ќе продолжи да ја предводи индустријата за мобилна безбедност, создавајќи свет во кој корисниците ќе можат безгрижно да уживаат во поврзаноста, со сигурност дека нивните податоци се заштитени.

    За Samsung Electronics

    Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.

    [1] NIST ги финализираше своите главни алгоритми за енкрипција, дизајнирани да издржат сајбер-напади од квантни компјутери. Овие нови стандарди, создадени за иднината, се дел од првите завршени спецификации на Проектот за стандардизација на пост-квантна криптографија (PQC) на NIST.

    Библиографија

    Објавува издавање на Федерални стандарди за обработка на информации (FIPS) FIPS 203, Стандард за механизам за капсулирање на клучеви засновани на модул-решетка, FIPS 204, Стандард за дигитален потпис базиран на модул-решетка, и FIPS 205, Stateless Hash-Based Digital Signature Standard. (14 август 2024 г.). Федерален регистар.

    Преземено од: https://www.federalregister.gov/documents/2024/08/14/2024-17956/announcing-issuance-of-federal-information-processing-standards-fips-fips-203-module-lattice-based

    Национален институт за стандарди и технологија. (2 јануари 2025 г.). NIST.

    Преземено од: https://www.nist.gov/

    NIST ги објавува првите 3 финализирани стандарди за пост-квантна енкрипција. (2024). NIST.

    Преземено од: https://www.nist.gov/news-events/news/2024/08/nist-releases-first-3-finalized-post-quantum-encryption-standards

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично