Од 5 август инвеститорите ќе можат да се запишат на првата јавна емисија корпоративни обврзници на Иуте Кредит Македонија. Можноста за упис ќе биде отворена до 2 ноември.
По пат на јавна понуда ќе бидат понудени 30.000 корпоративни обврзници со номинална вредност од 100 евра по обврзница. Уплатата ќе се врши во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на денот на уплатата.
Јавната понуда за запишување, проспектот и финансиските извештаи на издавачот се достапни на веб-страницата на Македонска берза.
На почетокот од јуни Иуте Кредит Македонија го доби потребното одобрение од Комисијата за хартии од вредност. Како што Пари веќе објави, емисијата има за цел оптимизација на трошоците на финансирање и диверзификација, како и проширување на изворите на капитал.
Финансиското друштво во Македонија е присутно од 2017 година и е дел од меѓународната Иуте Групација, основана во Молдавија. Групацијата работи и во Албанија и Бугарија, располага со продажна мрежа од повеќе од 4.653 локации и опслужува над 274.000 клиенти.
Аналитика








