
Во првото полугодие од годинава се основани 3.801 нова компанија, или месечно во просек имало по над 600 нови фирми, откри анализата на Пари во соработка со Бизнис мрежа. Од друга страна, во истиот период, пак, клуч на вратата ставиле 1.819 компании, или секој месец во просек деловната битка ја губеле 300 фирми. Тоа значи дека во првото полугодие има двојно повеќе новоотворени од затворени фирми, што е добар економски показател.
Речиси половина од новите фирми се во Скопје. Истовремено, во главниот град згаснале 27 насто од сите фирми што не успеале да продолжат со работа годинава, заклучно со јуни.
Трговијата останува дејност со најмногу новоотворени фирми – 679, но и со најмногу затворени – 491.
Преработувачката индустрија е втора дејност по бројот на затворени фирми, односно 240 фирми од овој сектор згаснале, а тоа не е добра вест. Но, од друга страна, во првото полугодие има речиси исто толку новоотворени фирми во оваа дејност, односно 242.
Најмногу се отвораат, но и се затвораат микрофирми.
Р.П.
Лектор: Христина Ангелеска-Мијоска
Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
Аналитика








