Во текот на викендов, поради планирани системски прилагодувања поврзани со новите платни инструменти на ниво на државара, платежните услуги преку дигиталните канали на ќе бидат со ограничена достапност, информираат од Стопанска банка Скопје.
Денес, клиентите ќе можат да креираат налози до 14 часот. По тој термин е-банкингот нема да овозможува креирање налози за тековниот ден, ниту налози со иден датум.
Ограничувањето ќе важи и во текот на утрешниот ден, односно сè до повторното отворање на системот на 9 ноември.
Од Банката нагласуваат дека платежните картички преку ПОС-мрежата и банкоматите остануваат целосно достапни. Корисниците ќе можат непречено да вршат плаќања со картички, како и уплата и исплата на готовина преку банкоматите.
Аналитика








