ПОВЕЌЕ

    КК Пелистер: На паркетот 15 победи, во касата профит од само 1.200 евра

    Време зa читање: 3 минути

    Со поддршка на Чкембарите, битолскиот прволигаш КК Пелистер остварил 15 победи во 27 натпревари во сезоната 2024/2025. На паркетот клубот се задржал во горниот дел од табелата со пласман на шестото место во Првата македонска кошаркарска лига, но финансискиот семафор покажува многу послаб резултат – добивката во 2025 година се стопила за релиси 100 отсто.

    Во текот на 2025 година, во клупската каса се слеале 36,56 милиони денари или близу 600 илјади евра. Со краен резултат – добивка од само 76.133 денари, односно нешто повеќе од 1.200 евра. Во однос на бројките од 2024 година, приходите се намалени за 17,9 отсто, а добивката е пониска за дури 97,7 отсто.

    За споредба, претходната година била заокружена со приходи од 723,7 илјади евра и со нето-добивка од 53,2 илјади евра. Всушност, во 2025 година клубот работел на границата на рентабилност: од секои 100 денари приход, останувале нешто повеќе од 20 дени добивка. Профитната маржа се намалила од околу 7,3 отсто на едвај 0,2 отсто.

    Продажбата ја следи пад од речиси 97 отсто. По таа линија КК Пелистер лани приходувал само 48.412 денари (787 евра), за разлика од прекланските 1,60 милиони денари (26.000 евра). Наспроти тоа, безмалку целосниот прилив на средства е евидентиран во ставката „останати приходи“, во која за 2025 година се запишани 36,51 милиони денари (593,7 илјади евра). Или 99,9 отсто од вкупните приходи од работењето.

    Во фаза на пад се и клупските трошоци. За реализација на минатогодишните активности се потрошени 36,49 милиони денари (593,3 илјади евра), за 11,5 отсто помалку отколку во 2024 година.

    Најголем дел од расходите, 88 отсто, се водат како останати трошоци од работењето – 32,21 милиони денари (523,8 илјади евра). Истовремено, трошоците за услуги со карактер на материјални трошоци пораснале од 1,79 на 3,55 милиони денари (од 29,1 илјада на 57,7 илјади евра), односно за бесмалку 99 насто.

    Билансот на успех ги содржи и трошоците за суровини и други материјали кои се намалиле од 38,5 илјади на 8,3 илјади евра. Иако во билансот не е пополнет просечниот број на вработени за 2025 година, прикажани се трошоци за вработените, кои се зголемиле за 131,5 насто – од 90.675 на 209.913 денари, односно од околу 1.474 на 3.413 евра.

    Од финансиски аспект, Пелистер не смее да прави грешки во чекори. Натпреварите што се играат надвор од „Боро Чурлевски“ и воопшто од кошаркарските сали, се од голема важност за обезбедување стабилни извори на приходи.

    На финансискиот паркет Пелистер нема простор за грешка во чекори. Натпреварите што се играат надвор од „Боро Чурлевски“ и од кошаркарските сали се можеби и најважните во битката за спонзори, партнери и стабилни приходи што ќе му овозможат на клубот да остане конкурентен и под обрачите.

    М.А.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично