ПОВЕЌЕ

    ОКТОМВРИСКИТЕ ПЕНЗИИ ВО ОСУМ БАНКИ: Две исплатија вчера, шест денеска

    Време зa читање: 2 минути

    Дел од пензионерите веќе располагаат со октомвриските пензии. Вчера, 29 октомври, предвремена исплата извршија АЛТА банка Битола и Силк Роуд Банка, а денеска, 30 октомври, средствата се достапни и преку Стопанска банка Скопје, Халкбанк, Комерцијална банка, ТТК Банка и Централна кооперативна банка.

    „Пензијата пристигнува предвреме!“, порачаа од АЛТА банка, информирајќи ги своите клиенти дека средствата се достапни на нивните платежни сметки уште од вчера.

    Од Стопанска банка известуваат дека исплатата е во тек и дека пензионерите можат да располагаат со парите преку платежните картички или во филијалите.

    И од Халкбанк потврдуваат: „Пензиите за октомври се веќе достапни!“. Клиентите што дале согласност можат да ги подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

    Исплата за денеска најавија и Комерцијална банка, ТТК Банка и Централна кооперативна банка. Пензиите се достапни преку платежните сметки, банкоматите и филијалите, а средствата може да се користат и за безготовински плаќања.

    Кај Шпаркасе банка, според правилото што се применува од 1 октомври годинава, пензиите се исплаќаат последниот работен ден во месецот, што овојпат е 30 октомври.

    Со предвремената исплата, пензионерите добиваат пристап до своите примања пред почетокот на ноември, чиј прв работен ден годинава е понеделник, 2 ноември.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично