
Постојат компании кои нудат производи и компании кои продаваат услуги. Но постојат и компании кои градат доверба. Сава Осигурување е токму една од нив.
Веќе повеќе од три децении, Сава Осигурување е присутна во најважните моменти од животот на своите клиенти. Кога се купува првиот автомобил, кога се започнува нов бизнис, кога семејството планира сигурна иднина или кога е потребна поддршка во неочекувани ситуации. Во тие моменти осигурувањето не е само полиса, туку чувство дека некој е покрај вас кога е најпотребно.
Токму затоа приказната на Сава Осигурување не се мери само преку бројки и пазарни резултати, туку преку довербата изградена со клиентите. Секојдневно, компанијата работи со јасна цел – да обезбеди сигурност, стабилност и поддршка за поединци, семејства и компании, создавајќи долгорочни партнерства засновани на професионалност и грижа.

Како дел од Сава Осигурителната Групација, една од водечките осигурителни рупации во регионот, Сава Осигурување ги комбинира локалното искуство и познавање на пазарот со меѓународна експертиза, финансиска стабилност и современи решенија. Благодарение на припадноста кон Групацијата, најдобрите практики и иновативни услуги стануваат достапни и за клиентите во Северна Македонија.
Во време кога потребите , навиките на клиентите постојано се менуваат, Сава Осигурување континуирано инвестира во дигитализација, поедноставување на процесите и развој на нови решенија кои го прават осигурувањето поблиско, побрзо и подостапно. Фокусот е насочен кон создавање позитивно корисничко искуство и обезбедување услуги кои одговараат на современиот начин на живот.

Дополнителна вредност создава и присуството на другите компании од Групацијата во Северна Македонија. Преку Сава пензиско друштво, Сава Стејшн и поликлиниката Вита С, клиентите добиваат пристап до поширок спектар на услуги кои ги поддржуваат во различни животни фази и потреби. На тој начин се гради екосистем кој оди чекор подалеку од традиционалното осигурување.
Зад секој успех стојат луѓето. Тим од посветени професионалци кои веруваат дека најдобрите резултати произлегуваат од искрен однос, меѓусебна доверба и вистинска грижа за клиентите. Токму затоа мотото „Во друштво на добри луѓе“ не е само препознатлива порака, туку вредност што се живее секој ден.
Сава Осигурување ја гради својата иднина на истите принципи на кои повеќе од 30 години ја создава својата репутација – одговорност, стабилност, сигурност и човечки пристап. Затоа што вистинската вредност на осигурувањето не се мери само во полиси и покритија, туку во довербата што се гради со години и во поддршката што клиентите ја добиваат кога им е најпотребна. Сава Осигурување – во друштво на добри луѓе.
Аналитика








