
Credissimo ја лансираше новата мобилна апликација, која овозможува побрз и полесен пристап до услугите, едноставен преглед и управување со кредитните обврски, специјални понуди и попусти преку програмата за лојалност, како и сигурна заштита на личните податоци. Апликацијата е создадена според потребите на современите потрошувачи, со цел да им овозможи поголема практичност, заштеда на време и подобро корисничко искуство.
Со новата апликација на Credissimo, корисниците можат да аплицираат за потрошувачки кредит во секое време, од секое место, директно од својот мобилен телефон. Постапката е едноставна и потребно е само да изберат кредитен производ, посакуваниот износ и рокот на отплата, да ја пресметаат месечната рата и да ја испратат апликацијата. На овој начин, пристапот до финансиските услуги станува уште побрз и поедноставен, без непотребни административни процедури.
„Веруваме дека технологијата треба да го олеснува секојдневието, да штеди време и да нуди конкретни придобивки. Токму затоа, при развојот на апликацијата се водевме од потребите на нашите корисници, создавајќи практично дигитално решение кое го прави управувањето со личните финансии поедноставно и подостапно. Сметам дека новата апликација во голема мера ќе придонесе за остварување на нашата цел да им овозможиме на клиентите едноставен, брз и сигурен пристап до финансиските услуги, секогаш кога им се потребни“, изјавија од Credissimo.
Со новата апликација, корисниците ќе имаат целосен и јасен преглед на своите кредитни обврски, имајќи предвид дека со само еден клик им се достапни информации за активните кредити, износите на следните рати и роковите за плаќање. За уште поголема практичност, апликацијата овозможува автоматско потсетување за претстојните рокови за плаќање и генерирање образец за плаќање директно од мобилниот телефон. На тој начин, се намалува ризикот од ненамерно доцнење со исплатите, како и подмирување на обврските без непотребни процедури и губење драгоцено време.
Една од најважните придобивки со мобилната апликација е програмата за лојалност на Credissimo која обезбедува попусти и поволности за редовните корисници на услугите на компанијата. Тие можат да ги следат придобивките од програмата и да ги искористат добиените попусти при следното аплицирање за кредит. Преку апликацијата ќе добиваат и информации за специјални и персонализирани понуди, во согласност со нивните потреби.
Credissimo посветува посебно внимание на безбедноста и заштитата на личните податоци. Апликацијата овозможува брза и сигурна најава со отпечаток од прст, идентификација на лик или безбедносен ПИН код. Преносот на податоците се одвива преку шифрирана врска, со што на корисниците им се обезбедува заштитен пристап до нивниот личен профил и финансиските информации.
Мобилната апликација на Credissimo е бесплатна и достапна за преземање преку Google Play и App Store. Постојните корисници можат да се најават со својот профил, додека регистрацијата на новите корисници е само преку неколку едноставни чекори.
Со новата мобилна апликација, Credissimo продолжува да ги унапредува своите дигитални услуги, но и генералната грижа за корисниците, пред сè со цел да им обезбеди пари на време, брзо и лесно, каде и да се наоѓаат.
ПР Објава.
Аналитика








