ПОВЕЌЕ

    Адинг ја натфрли планираната добивка за 242,4 насто

    Време зa читање: 2 минути

    Скопски Адинг ги заврши првите девет месеци од годинава со добивка пред оданочување од 2,93 милиони евра. Резултатот е за 3,1 отсто послаб од истиот период лани и од тогашните нешто повеќе од 3,02 милиони евра.

    Но, во однос на планот, има значително натфрлање. Проектираната добивка била во износ од 857,2 илјади евра, а остварениот резултат е повисок за 242,4 насто.

    Според прикажаните движења во образложението на достигнувањата, добивката континуирано се зголемувала. По првиот квартал изнесувала 550,3 илјади евра, а до крајот на јуни достигнала 1,86 милиони евра, од кои околу 1,31 милион евра биле остварени во вториот квартал. Во третиот квартал се додадени уште 1,07 милиони евра.

    На приходната страна, во текот на трите тримесечја има реализација од 10,99 милиони евра, што е за 7,4 насто повеќе од лани. Во апсолутен износ годишното зголемување изнесува 755 илјади евра.

    Најголемиот дел, односно 99,2 отсто од вкупните приходи произлегуваат од продажбата, која донела 10,89 милиони евра. Во тие рамки, 87,1 отсто, или 9,49 милиони евра се остварени на домашниот пазар, а 12,9 отсто (1,41 милион евра) на странските пазари.

    По квартали, вкупните приходи изнесувале 2,63 милиони евра во првиот, 4,35 милиони евра во вториот и 4,01 милион евра во третиот квартал.

    Паралелно со приходите, за 7,4 отсто пораснале и расходите. По деветте одработени месеци достигнале 7,78 милиони евра. Сумата е за 533,2 илјади евра повисока во однос на истиот лански период.

    До крајот на септември компанијата реализирала капитални инвестиции во износ од 365,8 илјади евра.

    Адинг, наведено е во образложението, во сите три квартали работел над планираното. Во првиот квартал планот е натфрлен за 17,6 насто, во вториот за 40,2, а во третиот за 32,9 насто. Највисокото месечно остварување со 161,3 насто е забележано во април.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично