ПОВЕЌЕ

    АЦЕВСКИ БАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА ДЗР ОД ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

    Време зa читање: 2 минути

    Притиснете „Subscribe“ и следете нè.

    Главниот државен ревизор Максим Ацевски бара вработените во ДЗР да бидат изземени од Законот за административните службеници, за нивниот труд да се вреднува според стручноста и одговорноста на работата. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ тој вели дека нивниот статус сѐ уште е уреден делумно со Законот за ревизија, а делумно со прописите за административни службеници. Ацевски посочува дека со новиот Закон се проширува и мандатот на ДЗР, со контрола на дополнителни корисници на јавни средства. Како аргумент за подобро вреднување на трудот, тој го наведува придонесот од 403 милиони евра за буџетот. Истовремено предупредува дека вработени заминуваат во приватниот сектор и во други институции за повисоки плати.

    „Интенцијата на Државниот завод за ревизија беше да бидеме изземени од одредбите од Законот за административни службеници, како што е тоа Народната банка и сега како што е тоа Предлог законот за изменување и дополнување на народниот правобранител… Јас чувствувам во овој момент дека моите вработени треба да бидат подобро вреднувани и нивниот труд треба да се вреднува. Ако моите вработени придонеле да се уплатат 403 милиона евра во буџетот на државата, тогаш мислам дека воопшто не треба да се прави дискусија дали тие треба да бидат во групата со останатите административни службеници…“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично