Во текот на викендот Комерцијална банка нема да има прекини во работењето поради воведувањето на новите стандарди во платниот промет.
Промените поврзани со усогласувањето со Законот за платежни услуги и платни системи на Народната банка и со примената на стандардот ISO 20022 нема да влијаат врз електронското и мобилното банкарство, платежните картички, банкоматите, ПОС-терминалите и останатите услуги.
„Комерцијална банка навремено ги спроведува потребните технички и оперативни подготовки за преминот кон новите стандарди, со цел тие да не влијаат врз секојдневното користење на платежните услуги од страна на клиентите“, соопштија од Банката.
Аналитика








