ПОВЕЌЕ

    ПАДНА ИКС: Платформата во сопственост на Маск неколку часа недостапна за корисниците

    Време зa читање: < 1 минутa

    Апликацијата Икс, некогашен Твитер не е во функција според Downdetector, поточно и апликацијата и веб-страницата се недостапни, откако се појавија извештаи дека податоците не се вчитуваат за повеќе корисници на глобално ниво.

    Платформата во сопственост на Илон Маск е во прекин од околу 15:20 часот по источно американско време, а неколку десетици илјади пријави со поплаки пристигнаа на адресата.

    Се чини дека и веб-локацијата и апликацијата се засегнати со тоа што корисниците не можат да ја освежат својата временска линија. Според Downdetector, 54% од извештаите се однесуваат на веб-страницата, додека 42% поплаки се однесуваат на апликацијата.

    Се уште не е позната причината за прекинот.

    Откако X, или Твитер доживеа прекин, бројни корисници отидоа на други платформи како Facebook и Reddit за да го потврдат истото.

    X, порано Twitter, беше купен од технолошкиот милијардер Илон Маск во 2022 година. Маск ја купи апликацијата за огромна сума од 44 милијарди долари.

    Платформата претрпе сличен широко распространет прекин во август минатата година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично