ПОВЕЌЕ

    Михаил Петковски именуван за член на Надзорниот одбор на ТТК банка по завршување на мандатот на Методија Несторовски

    Време зa читање: 2 минути

    Преку соопштение на Македонска Берза, ТТК известува дека на XXXII-та седница на Собранието на акционери на банката се донесе Одлука за именување на Михаил Петковски за независен член на Надзорниот одбор на ТТК банка АД Скопје сметано од 23.2.2020 година.

    Одлуката за именување на нов член следи откако ТТК банка даде образложение дека Методија Несторовски кој е независен член на Надзорниот одбор на банката од 22.2.2008 година, а по навршување на 3 последователни мандати од по 4 години. Во согласност со член 88 став 6 од Законот за банки исто лице не може да биде независен член на надзорниот одбор во иста банка подолго од три последователни мандати.

    На именуваните членови во Надзорниот одбро на ТТК банка, согласно актите, им следи награда за ангажирање и учество во работата на седниците на Надзорниот одбор во износ од 45.000 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично