На Македонска берза се реализирани две блок-трансакции со вкупно 1.483 акции на Комерцијална банка, во кои се вложени 36,75 милиони денари. Или 597,6 илјади евра.
Најтргуваните акции на Македонска берза, познати купувачи ги стекнале по различни цени. Конкретно, во блокот што содржи 83 акции, единечната цена е 24.500 денари. Вредноста на таа трансакција е 2.033.500 денари, односно над 33 илјади евра.
Повисока цена – 24.800 денари е платена во другиот блок со опфат на 1.400 акции. За нив се дадени 34.720.000 денари или повеќе од 564,5 илјади евра.
Претходно во текот на месецов е регистрирана уште една блок-трансакција со 110 акции, вредна 2.799.500 денари (45,5 илјади евра). Тогаш биле платени 25.450 денари по акција.
Аналитика








