
Горан Ѓорѓиевски, претседател на Сојузот на стопански комори, во „Каде се парите? со Горан Теменугов“
Притиснете „Subscribe“ и следете нè.
Што ќе се случи со платите над минималната ако минималецот се зголеми на 600 евра? Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ за тоа се разговара со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Сојузот на стопански комори. Неговиот аргумент е дека фирмите ќе мора да ги коригираат нагоре и платите на другите вработени. Тој вели дека секоја компанија ќе мора да пресмета колкав трошок за плати може да поднесе. Според него, кај фирмите со ниска профитабилност, тоа може да создаде притисок за повисоки цени, а со тоа и на инфлацијата.
АКО СЕ КАЧИ МИНИМАЛЕЦОТ, ШТО СО ДРУГИТЕ ПЛАТИ?
„Поентата е тука дека со тоа коригирање на минималната плата се прави апдејт на сите вработени нагоре во дадената компанија. Тоа они не го кажуваат, вешто го прикриваат, но и тоа значи дека треба сите плати вие во една фирма да ги покачите. Тоа директно ќе имплицира да во услови на ниска профитабилност којашто предходно ја спомнавме и големи оданочувања од државата, дека ќе треба веднаш да одиме кон покачување на цените.“
Аналитика








