ПОВЕЌЕ

    Колку вреди монетарното злато на земјава?

    Време зa читање: 2 минути

    Во последно време многу се зборува за вредноста на златото, но и неговото својство на сигурна инвестиција во услови на криза. Расте побарувачката, но и неговата цена, што е сосема очекувано, бидејќи и поединци, но и институции го користат овој благороден метал како сигурно “сидро“.

    Монетарното злато што е дел од девизните резерви на Македонија, заклучно април оваа година, имаше вредност од 351 милиони евра. Тоа претставува зголемување од 28,6 милиони евра на месечно ниво и 94,9 милиони евра на годишно ниво.

    Вкупните девизни резерви на крајот на април достигнаа вредност од 3.159.620.000 евра или 142,3 милиони евра повеќе во споредба со претходниот месец или 285,2 милиони евра повеќе во однос на април 2019 година.

    Хартиите од вредност во април оваа година имаа салдо од 2.352.540.000 евра, еден месец претходно беа на ниво од 2.421.300.000 евра, додека во април лани имаа вредност од 2.298.310.000 евра.

    Валутите и депозитите заклучно април беа 454.100.000 евра, што е зголемување од 183,2 милиони евра во однос на март и 137,6 милиони евра во однос на април лани.

    Извор: Бизнис Инфо

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично