ПОВЕЌЕ

    “Кроација осигурување неживот АД Скопје со нов производ, воведува Дополнително Приватно Здравствено Осигурување“

    Време зa читање: 3 минути

    Кроација осигурување АД Скопје, Друштво за осигурување неживот, излегува на пазарот на осигурување со нов производ доброволно приватно здравствено осигурување кое на осигурениците ќе им  овозможи целосна нега на нивното здравје и за прв пат во нашата Држава корисниците ќе може да почуствуваат дека се безбедни и нивното здравје е комплетно заштитено.

    Компанијата се потруди да ги собере искуствата од досегашната пракса и условите кои се нудеа и направи комлетно ново решение околу грижата за осигуреникот, здравствената услуга и процесот на водење на пациентот од закажување на основни (специјалистички) прегледи преку Call центарот за се до барање локација за соодветно евентуално болничко сместување.

    Приватното осигурување овозможува користење на услуги директно во приватните ординации и болници, без претходна посета на матичен лекар и без никаква заедничка релација со основното државно здравствено осигурување. Едноставно ја праќате кај нас информацијата за потребната услуга и понатаму ние се грижиме за се останато.

    За нашите осигуреници создадовме 2 пакети CROCARE и CROCARE+, како би можел секој да го избере соодветното ниво на заштита кое смета дека му е потребно. Склучувањето на овој вид на осигурување може да биде во Индивидуална или Семејна форма, зависно од тоа дали осигуреникот настапува како единка или пак заедно со целото свое семејство во кое може да го вклучи својот партнер и деца.

    CROCARE основниот пакет покрива специјалистички прегледи од сите области, болничко лекување како и лекување на малигни заболувања, додека  CROCARE+ , допполнително има покритие на трошоци за комплексна дијагностика како магнетна резонанса, компјутерска томографија и слични услуги. Во двата пакета обезбедуваме и превентивна нега, каде осигурениците се мотивирани да се грижат за своето здравје редовно, а не само кога ќе имаат за тоа потреба.

    За прв пат обезбедивме 4 можности на плаќање на премијата и тоа:месечна уплата,квартална,полугодишна и годишна. Секој осигуреник може да избере една од можностите која најмногу одговара на сопствените потреби. За годишно плаќање на премијата обезбедуваме и 10% попуст. Најголемата придобивка од нашиот производ е дека осигурувањето е БЕЗ ФРАНШИЗА.

    Модерните компании кои се стремат да ги задржат своите вработени и да спречат брза флуктуација, се повеќе практикуваат да дел од придобивките кои им ги нудат на своите кадри е нивно вклучување во  Колективно приватно здравствено осигурување. Премијата која компанијата би ја уплатила е Бенефиција плус за вработениот и подоцнежен стремеж за лојалност и оправдување на грижата кон својот работодавец. Фокусираниот и мотивиран вработен е нераскинлив дел од секоја успешна компанија. Со колективното здравствено, работодавачот обезбедува заштита која го штити работникот од несакани дејствија кои можат и те како да направат дисбаланс помеѓу професионалниот и приватниот живот.

    Се потрудивме да ги покриеме сите сегменти и различни категории на осигуреници. Сепак досегашното постоење од 135 години кое Кроација го има зад себе и овојпат докажува дека е верен партнер на осигурениците и сме исправени пред предизвикот и овојпат да ја оправдаме довербата која ни ја давате низ годините.

    Бидете господар на своето време и средства,одлучете сами каде ќе се грижите за Вашето здравје. Ние ги имаме вистинските пакети за Вас.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично