ПОВЕЌЕ

    „Фершпед“: Повисоки трошоци, пониски приходи, зголемена добивка

    Време зa читање: 2 минути

    На акционерите на скопски „Фершпед“ – Друштвото за меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта им следува дивиденда во бруто износ од 8.966.650 денари или речиси 145,4 илјади евра. Исплатата ќе се изврши од средствата кои произлегуваат од акумулираната нераспределена оданочена добивка од минатите години. Одлуката треба да се потврди на Годишното собрание на акционерите, закажана за 31 месецов. Бруто износот по акција е 550 денари.

    Според календарот, последен ден на тргување со право на дивиденда е 14 јуни, а прв ден на тргување без тоа право е 15 јуни. Датумот, пак, на евиденција според кој се определува листата на акционери со право на дивиденда е 16 јуни.

    Дивидендата ќе се исплатува во готово, а најдоцна до 30 септември.

    Што се однесува до годинешното работењето на „Фершед“, во првите сто дена се забележани позитивни финансиски резултати. Нето добивката изнесува 155,4 илјади евра или 9.584 илјади денари и е поголема од онаа забележана лани во истиот период, наведуваат од Друштвото. Оперативната добивка изнесува 193,6 илјади евра, односно 11.940 илјади денари.

    Остварените вкупни приходи се 16,64 милиони евра (1.026.307 илјади денари), но во однос на споредбениот лански период се пониски за шест отсто. Со истиот процент е и намалувањето кај оперативните приходи, кои се во износ од 16,63 милиони евра (1.025.575 илјади денари). А, финансиските приходи бележат значителен пораст во однос на истиот период минатата година.

    Вкупните расходи изнесуваат 16,44 милиони евра (1.013.866 илјади денари). И кај нив падот е шестпроцентен. Оперативните расходи се намалени за седум отсто и се на ниво од 16,43 милиони евра (1.013.635 илјади денари). Од компанијата посочуваат дека е забележан значаен пад кај финансиските расходи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично