ПОВЕЌЕ

    Фершпед АД СКОПЈЕ: Стабилно работење без поголеми финансиски поместувања

    Време зa читање: 2 минути

    Скопски Фершпед зад себе има успешна година. Остварената неревидирана оперативна добивка е во износ од 1,4 милиони евра, односно 90.041 илјада денари.

    Вкупните приходи достигнуваат 74,9 милиони евра (4.613.135 илјади денари) и се на приближно истото ниво од претходната 2021 година. Оперативните приходи од 74,8 милиони евра (4.609.144 илјади денари) учествуваат со 99,9 проценти во вкупните приходи. И тие речиси не се разликуваат од остварените во 2021. Единствено намалување бележат финансиските приходи.

    За вкупните расходи податоците од компанијата покажуваат дека изнесуваат 73,4 милиони евра (4.520.983 илјади денари), при што оперативните расходи се 73,3 милиони евра (4.519.103 илјади денари). Со тоа, овие износи се на приближно исто ниво во однос на 2021 година. Најголемо учество во оперативните расходи со 85,8 отсто имаат материјалните трошоци за услуги – 62,9 милиони евра или 3.877.676 илјади денари. Со тоа, финансиските расходи бележат зголемување во однос на претходната 2021 година.

    Позитивниот финансиски резултат произлезен од ланското работење на Фершпед, а искажан  во неревидираниот биланс на успех, е во износ од 1,3 милиони евра (81.872 илјади денари).

    Како што известуваат, на товар на акумулираната добивка е направен отпис на ненаплатливи салда од изминатите години. Се работи за краткорочни позајмици и побарувања од купувачи, кои се во вкупен износ од 6,1 милион евра (380.389 илјади денари) од подружницата Сковин АД Скопје, за која на почетокот од 2022 беше отворена стечајна постапка. Исто така, направено е и вредносно усогласување за минати години на вложување во подружница – од 359,2 илјади евра (22.125 илјади денари).

    Фершпед лани исплатил дивиденда од акумулирана нераспределена оданочена добивка на друштвото од минати години, во бруто износ од 145.610 евра (8.966.650 денари), односно 550 денари бруто за една акција.

    Компанијата има и кредитни обврски од 149.350 евра (9.197 илјади денари). Кај нив е регистрирано намалување од 237.269 евра (14.611 илјади денари), односно за 61,4 отсто споредено со состојбата од 2021 година. Тие претставуваат  0,49 проценти од капиталот и резервите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично