ПОВЕЌЕ

    ЕУ одвои 70 милиони евра за вакцинирање на земјите од Балканот

    Време зa читање: 2 минути

    Европската комисија усвои пакет од 70 милиони евра во рамките на Инструментот за претпристапна помош за поддршка за финансирање на Западен Балкан со вакцини набавени од членки на ЕУ.

    Пакетот ќе биде дистрибуиран во форма на грантови кои ќе помогнат да се покријат трошоците за вакцини за приоритетните групи во регионот, како и потребната опрема за вакцинација.

    Грантовите ќе му овозможат на Западен Балкан да купи голем број вакцини од Договорот за набавка на ЕУ со шест производители, со индивидуални членови кои делат делови од претходно доделените дози, рече Комисијата.

    Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеџи, истакна дека за време на пандемијата, ЕУ покажала дека Западен Балкан е нејзин привилегиран партнер.

    „Брзата вакцинација ќе биде клучна за ставање крај на пандемијата и започнување на социо-економското закрепнување на Западен Балкан“, рече Вархеџи.

    Иако ЕУ, наводно, продолжува да поддржува преку иницијативата COVAX, и сите земји од Западен Балкан аплицираа, се очекува испораките на вакцини според шемата да започнат подоцна од кампањата за вакцинација на ЕУ.

    Пристапот до одреден број дози од аранжманот за купување на ЕУ на тој начин ќе му овозможи на регионот да започне вакцинација заедно со членките на ЕУ, рече ЕК.

    Комисијата и Европскиот центар за контрола на болести, исто така, ќе му помогнат на регионот да ги заврши стратегиите за вакцинација во согласност со препораките на ЕК.

    Во исто време, ЕУ финансира проект со Светската здравствена организација за помош при логистика и испорака на вакцини.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично