ПОВЕЌЕ

    АКО ДОЦНИ ПРУГАТА, ИЗВЕДУВАЧОТ ЌЕ ПЛАЌА ПЕНАЛИ И НА БАНКАТА

    Време зa читање: 2 минути

    Кој ќе го притиска изведувачот да ја заврши брзата пруга на време? Според моделот што го најавува вицепремиерот Александар Николоски, тоа ќе го прави и заемодавачот бидејќи ако изградбата доцни, ќе се продолжува грејс – периодот, а изведувачот ќе плаќа пенали и на оној што го финансира проектот, покрај обврските кон државата. Во „Каде се парите? со Горан Теменугов“ вицепремиерот и министер за транспорт Николоски објаснува како интересот на банката треба да стане дополнителен притисок за почитување на рокот. Ќе биде ли ова поефикасно од досегашните ветувања за завршување на големите проекти?

    Целиот разговор гледајте го на „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Претплатете се на нашиот ЈуТјуб канал: https://youtube.com/playlist?list=PLqqetpN_zeRo0JZtlyIE9xGbXe6y1ZLc6&si=mFfhTzz5ZeuTfFuS

    АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: Се воведе нов механизам којшто ние одлучивме да го прифатиме, каде што рокот на завршување е врзан со грејс – периодот. Рокот е пет години, што значи дека ние имаме пет години грејс-период во однос на отплатата на кредитот…

    … Но и обратно, доколку рокот на изведба се продолжи на изградба, се продолжува и грејс – периодот. Што значи дека заемодавачот ќе прави силен притисок врз изведувачот да се заврши навреме, затоа што нормално на заемодавачот во интерес е да почне да се отплаќа кредитот….

    … Дополнително, изведувачот ќе потпише договор со заемодавачот дека ќе плаќа пенали доколку не го заврши во рокот, покрај на државата, што го имате како стандард во секој договор, и на заемодавачот.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично