Централниот депозитар за хартии од вредност минатата недела регистрирал 19 нетрговски трансфери. Подарени или наследени се 4.754 акции издадени од 13 друштва, од кои, кај шест се извршени двојни преноси.
Најбројни се акциите на Макстил, вкупно 1.756. Првиот трансфер опфаќа 804, а вториот 952 обични акции. Просечната цена на челичната акција е 107 денари, а последното берзанско тргување е од втори октомври.
РЖ Економика е застапена со 1.291 акција, од кои 35 биле трансферирани во вторник, а 1.256 во четврток. Оваа акција има просечна цена од 55 денари, а во изминатите 52 недели на берзата имало 12 тргувања
Со 296 акции е првиот, а со 350 вториот пренос што е во знакот на РЖ Услуги. Акциите што речиси редовно се дел од неделните статистики на ЦДХВ, имаат просечна цена од 45 денари.
Два трансфера се извршени и со акции на Алкалоид: во вторник 339 и во среда 173. Последното берзанско тргување е направено на втори октомври, а просечната цена е 22.036,59 денари за акција.
Во вторникот сопственички пренос е направен на 38, во четвртокот на 67 обични акции од Уготур. Ова друштво има издадено 866.160 обични акции и во последните 52 седмици на берзата не е забележано ниедно тргување.
Во два наврати се трансферирани и 80-те акции на РЖ Интер-Трансшпед, прво 37, а потоа 43. Според податоците од Македонска берза, и со овие акции не се тргувало во изминатите 52 недели.
Минатата недела се забележани седум единечни нетрговски трансфери. Сопственик смениле 149 обилни акции на Македонски Телеком, 87 на Раде Кончар- Апаратна техника, 57 на Комерцијална банка, 43 на Окта. Исто така, без берзанско тргување се процесуирани и 14 акции на РЖ Техничка контрола, 12 на Макпетрол и 2 обични акции на Факом.
Аналитика








