ПОВЕЌЕ

    АСО награди три најдобри студентски труда за управување со ризици во осигурувањето 

    Време зa читање: 2 минути

    Истражувачките трудови од областа на управувањето со ризици во осигурувањето на студентите  Ерика Николовска, Филип Филиповски и Сара Цветановска им ја донесоа годишната награда што традиционално ја доделува Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Изборот на најдобар труд се организира во рамките на одбележувањето на меѓународниот Ден на осигурувањето – 1 ноември, а во изминатите 16 години ова е првпат наместо еден да се наградат тројца млади истражувачи.

    Наградените трудови понудија креативни пристапи за анализа на важни теми од осигурувањето во доменот на земјоделството, вториот пензиски столб и финасиската писменост на Z генерацијата, наведуваат од АСО.

    За најдобар труд во конкуренцијата, стручната комисија го избра истражувањето на студентката Ерика Николовска. Трудот насловен „Невидливите катастрофи: осигурителната покриеност на природните ризици во Македонија“ е посветен на осигурувањето на земјоделските посеви и плодови.

    Второнаграден е трудот на студентот Филип Филиповски, кој отвори знајачни прашања за предизвиците што ги носи претстојната артикулација на ануитетите од вториот пензиски столб.

    Третонаградениот труд на студентката Сара Цветановска отвора интересна перспектива на истражување на финансиската писменост кај генерација Z и нејзиното влијание врз одлуките за осигурување.

    На наградените студенти плакетите им беа врачени од членови на Советот на експерти на АСО.

    Целта на конкурсот што традиционално се распишува е да го стимулира развојот на научната мисла и изработката на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Македонија. Истовремено и за афирмација на младите и стручни кадри.

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично