Министерството за финансии на 12 ноември издало државни обврзници од 12,4 милиони евра, кои од денес котираат на Македонска берза. Домашните кредитори на државните потреби, за вложените средства ќе добијат камата од 4,60 насто.
Емисијата содржи 76.266 обврзници и е во вредност од 762.660.000 денари. За наплата ќе достаса по две години, на 12 ноември 2028 година.
Државните обврзници со шифра на тргување M121128 се без девизна клаузула.
Пред две недели беа издадени две емисии – двегодишна и 15-годишна, од 34,89 милиони и од 24,76 милиони евра.
Аналитика








