
Златото важи за засолниште во криза, но ни неговата цена не е заштитена од пад. Во подкастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, финансискиот аналитичар Румен Крепиев објаснува зошто дел од инвеститорите им даваат предност на обврзниците. Повисоките камати и приноси им нудат приход, додека златото не исплаќа ниту камата ниту дивиденда. Дополнително, посилниот долар го прави златото поскапо за купувачите што располагаат со други валути. Според Крепиев, токму оваа комбинација објаснува зошто и во време на голема неизвесност може да ослабне интересот за златото и да падне неговата цена. Крепиев вели дека кога приносот на обврзниците е висок, а цената ниска, време е да се купуваат овие хартии од вредност.
„Овој пат со зголемувањето на инфлацијата и особено со зголемувањето на каматните стапки, ги спомнав дека ние сега имаме 20 годишен рекорд на стапки на принос на образниците, инвеститорите имаат алтернатива. И заради оваа алтернатива, тие го вреднуват златото помалку. Тоа е едниот фактор. Вториот фактор е движението на доларот. Како што знаете, доларот малце оваа година ја зголеми својата вредност во однос на Еврото и на некои други валути, па за неамериканските институции и инвеститори, златото пак станува поскапо во нивна валута, отколку што е во долари.“
Аналитика








