
Илија Тоневски, извршен директор на Делфино Мобилити Груп, во интервју за „Пари“
Што е поважно за успехот на една компанија – добрата бизнис-идеја или луѓето што треба да ја реализираат? За Илија Тоневски од Делфино Мобилити Груп, одговорот е јасен: добар тим што може да спроведе добра идеја.
Во интервју за „Пари“, Тоневски вели дека експанзијата на компанијата во последните пет години се темели токму на тимот кој бил подготвен да одговори на предизвиците што ги носат новите идеи.
ИНТЕРВЈУ I ИЛИЈА ТОНЕВСКИ: Добри идеи има многу, но успехот зависи од тимот
Според него, лесно е од менаџерската позиција да се постави нова визија, но вистинскиот двигател на нејзината реализација се луѓето што стојат зад неа.
„Добар тим што може да спроведе добра идеја. Добри идеи има многу, но успехот на нашата експанзија што ја доживеавме во последните пет години се заснова на нашиот тим што беше спремен да одговори на предизвиците што ги носат новите добри идеи. Лесно е од моето столче да се добие добра идеја или нова визија, ама благодарноста и моторот на спроведувањето на добрите идеи лежи кај добриот тим. Така што, добар тим што може да спроведе добра идеја.“
Аналитика








