
ГОРАН МАРТИНОСКИ, БЕРЗАНСКИ АНАЛИТИЧАР, ВО „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ? СО ГОРАН ТЕМЕНУГОВ“
Гледајте нè!
Камата од 15 проценти за финансирање на бизнисот со вештачка интелигенција е реалност, вели финансискиот аналитичар Горан Мартиноски во подкастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ посочува колку скапо може да биде задолжувањето за дел од компаниите во овој сектор. Високата камата ја одразува и проценката на инвеститорите за ризикот што го преземаат. Мартиноски прави разлика меѓу големите компании со сопствени приходи и оние што за инвестициите мораат да позајмуваат пари на пазарот. За позадолжените компании, дополнителното зголемување на каматите би го поскапело финансирањето и би создало нов притисок врз вредноста на нивните акции. Затоа, според него, зад приказната за растот на вештачката интелигенција мора да се гледа и цената по која се обезбедуваат парите за тој раст.
МАРТИНОСКИ: „Овие компании, претходно што ги зборевме, имаат веќе високо ниво на каматни стапки по кои се задолжуваат. CoreWeawe, денеска баш ја гледаме каматна стапка во моментов е 15%. Тоа е навистина висока стапка.“
ТЕМЕНУГОВ: „Тоа е лихварска каматна стапка“
МАРТИНОВСКИ: „Тоа е премија за ризик. Така функционираат пазарите.“
Аналитика








