ПОВЕЌЕ

    Македонски Телеком со најголем нетрговски трансфер на акции

    Време зa читање: 2 минути

    Без берзанско тргување сопственоста е променета кај 1.780 акции. Минатата недела се регистрирани десет нетрговски трансфери со хартии од вредност на девет издавачи.

    Обични акции на Комерцијална банка се трансферирани двапати: во вторник 882 и во петок 5. Убедливо најтргуваната акција на Македонска берза, со 6.018 купопродажби во последните 52 седмици, има просечна вредност од 24.458,48 денари.

    Осум трансфери се извршени во вторникот. Најголемиот по обем – со 1.393 обични акции е на Македонски Телеком. Нивната просечна цена е 465,22 денари по акција.

    Помали се останатите нетрговски трансакции, меѓу кои се издвојува таа на ВВ Тиквеш АД Кавадарци со 151 обична акција. Со акциите на винарската визба последен пат се тргувало на 26 август, а просечната цена е 7.300 денари.

    Уште два од трансферите се изведени со банкарски акции. НЛБ Банка е застапена со 50 обични акции, чијашто просечна вредност е 47.994,29 денари, а Стопанска банка Скопје со 10 приоритетни акции кои имаат просек од 749 денари.

    Во неделната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност се евидентирани и нетрговските трансфери со по 25 обични акции на Алкалоид и на Уготур, 24 на РЖ Интер-Трансшпед и со 15 обични акции на ГД-Тиквеш Кавадарци.

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично