ПОВЕЌЕ

    РЕАКЦИЈА НА ФОРД ЗА ЕВРОПСКАТА РЕГУЛАТИВА „ПРОИЗВЕДЕНО ВО ЕВРОПА“: Исклучувањето на Британија и Турција само ќе му наштети на европскиот автомобилски сектор

    Време зa читање: 3 минути

    Во услови кога кинеските возила брзо го зголемуваат својот удел на пазарот, Европската унија размислува за воведување на „Законот за индустриско забрзување“ – познат и како регулатива „Произведено во Европа“ (Made in Europe). Целта на оваа иницијатива е да им се даде приоритет на производите изработени во овој регион, обезбедувајќи им соодветни предности. Повеќето производители на автомобили во регионот ја поддржуваат оваа идеја, вклучително и Ford; сепак, од компанијата бараат во договорот да бидат вклучени и Турција, Обединетото Кралство и Мароко.

    Според Ројтерс, Ford продолжува да се залага за ова барање додека законодавците работат на финализирање на правилата „Произведено во Европа“. Џим Баумбик, претседател на Ford за Европа, објасни дека промената на правилата – врз основа на кои производителите веќе инвестирале милијарди долари – би претставувала „чист автодеструктивен потег“. Тој додаде: „Тоа само ќе ги одврати компаниите од инвестирање во иден раст“. Турција, Велика Британија и Мароко моментално играат клучна улога во европскиот синџир на снабдување во автомобилската индустрија, а Ford има свои фабрики во првите две од овие земји.

    Баумбик го посочи како пример моделот „Ford Transit“ – најпродаваното еднотонско комбе во Европа – како пример за тоа како функционира европскиот автомобилски екосистем и како тој би можел да биде погоден од предложените правила. Тој истакна дека „Transit“ е дизајниран и конструиран од тимови во Германија и Велика Британија, додека повеќе од 50 отсто од неговите делови доаѓаат од европски добавувачи, а дополнителни 30 отсто потекнуваат од компании во Обединетото Кралство и Турција.

    „Но, бидејќи се склопува во Турција, тој не би се квалификувал како производ ’Произведено во Европа‘“, рече тој. „Не можам да продолжам со инвестиции во мојата компанија ако потоа морам да се соочувам со дополнителни трошоци само затоа што се промениле правилата на играта. Тоа е проблем.“

    Дополнително, лоби-групата „Европско здружение на производители на автомобили“ (ACEA), која има поддршка од „Ford“, бара од Европската унија да го одложи правилото според кое електричните возила што се продаваат во регионот мора да содржат 70 отсто компоненти за погонскиот систем (вклучително и батериски пакети) набавени од локални извори, за да можат да се квалификуваат за државни субвенции. Според актуелниот предлог, овој услов би стапил на сила само шест месеци по воведувањето на новите правила, а по три години, рокот би се скратил на пет месеци.

    (Фото: Ford Authority)

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично