ПОВЕЌЕ

    КОЈ ЌЕ УПРАВУВА СО АЕРОДРОМИТЕ ПО 2030?

    Време зa читање: 2 минути

    Нова концесија, државно управување или професионален менаџмент со државна сопственост? Пред истекот на концесијата за аеродромите во 2030 година се отвора прашањето кој ќе ги води понатаму. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во „Каде се парите? со Горан Теменугов“ најавува физибилити студија која треба да ги оцени трите опции. Одлука сè уште нема, но во игра е и можноста државата повторно да управува со аеродромите. Треба ли тоа воопшто да биде опција?

    Целиот разговор гледајте го на „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Претплатете се на нашиот ЈуТјуб канал: https://youtube.com/playlist?list=PLqqetpN_zeRo0JZtlyIE9xGbXe6y1ZLc6&si=mFfhTzz5ZeuTfFuS

    ГОРАН ТЕМЕНУГОВ: 2030 година концесијата истекува. Што ќе биде после тоа?

    АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: Согласно законските процедури, веќе годинава ќе почнеме со физибилити студија, која ќе треба да ни даде одговор дали е добро да продолжиме со концесија, или да ние ги работиме аеродромите како втора опција, или како трета опција да имаме професионален менаџмент со државна сопственост. Врз основа на тоа што ќе каже физибилити студијата, ние ќе донесеме одлука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично