
Еве една бизнис идеја од „Каде се парите?“: Дали следната можност за заработка е во сепарациите за камен? Новите автопатишта ќе бараат дробен камен за подлогата, а тоа отвора прашање кој ќе го обезбедува материјалот и кој ќе заработи од изградбата. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во „Каде се парите? со Горан Теменугов“ објаснува дека камената подлога ја поскапува изградбата, но според него носи поголема стабилност и поевтино одржување. Колку повеќе ќе платиме на почетокот и што треба да добиеме за тие пари?
Целиот разговор гледајте го на „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Претплатете се на нашиот ЈуТјуб канал: https://youtube.com/playlist?list=PLqqetpN_zeRo0JZtlyIE9xGbXe6y1ZLc6&si=mFfhTzz5ZeuTfFuS
АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: Првпат во Македонија се работат автопати без земјена подлога. Односно, подлогата е од дробен камен. И сега да го објаснам ова за возачите. Најчесто сите се прашуваат зошто после некое време нерамни се патиштата. Тоа е заради подлогата, затоа што досега подлога во Македонија секогаш се работела земјена. Сега прв пат на овие три автопати се работи камена подлога од дробен камен, што многу ја зголемува стабилноста на возењето…
… Тоа првично изгледа како поскапа варијанта.
ГОРАН ТЕМЕНУГОВ: Колку е поскапо од обично?
АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: Па е поскапо, но кога ќе пресметате…
ГОРАН ТЕМЕНУГОВ: 20–30%?
АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: Не можете баш така да го пресметате, затоа што се работи за еден тип на материјал, но кога ќе го ставите тоа во контекст дека одржувањето е многу поевтино, затоа што вие на патишта со земјена подлога што и да направите, после некое време пак истото се случува.“
Аналитика








