ПОВЕЌЕ

    „ОСУМ ВОЈНИ ЗАВРШИВ, НЕА НИКОЈ НЕ ЈА ЗНАЕ“: Трамп бесен на Норвешка што не ја доби Нобеловата награда за мир

    Време зa читање: 3 минути

    Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот ја нападна овогодишната добитничка на Нобеловата награда за мир, опишувајќи ја како „либерална личност која работи во Обединетите нации, а за која никој никогаш не слушнал“. Трамп изјави дека тој лично „никогаш не слушнал за таа личност“, мислејќи на јужноафриканската правничка Нави Пилај, која претседаваше со истражната комисија на ОН што заклучи дека Израел извршил геноцид во Газа.

    „Денес ја доделија Нобеловата награда за мир на личност за која никогаш не сум слушнал. Личност за која никој не слушнал. Тоа е мистериозна личност“, рече тој на предизборен митинг на Републиканците во Сиракуза, Њујорк, пред меѓуизборите на 3 ноември, додавајќи: „Но, сепак, честитки“.

    Трамп го повтори своето тврдење дека „решил осум војни“, наведувајќи го конфликтот меѓу Индија и Пакистан како пример. „За која било од овие осум војни се добива Нобелова награда. Јас решив осум. Ниту еден претседател не решил ниту една“, рече тој.

    Потоа ги заостри критиките кон Комитетот за Нобелова награда за мир и кон Норвешка, земјата од која тој потекнува.

    „Соединетите Американски Држави, претставени од мене како ваш претседател, требаше да ја добијат Нобеловата награда за мир, но не ја добија. И ова е неизбришлива дамка за Норвешка“, рече тој.

    Тој тврдеше дека наградата е „засекогаш дискредитирана од грст радикални идеолози кои се против демократијата и се всушност непријатели на цивилизацијата“.

    „Нема да ја заборавиме Норвешка“, рече Трамп, додавајќи дека тој пропуст е „само уште еден знак за тоа како Норвешка и сите тие други ја искористуваат нашата земја“.

    Трамп ги обвини „непријателите на цивилизацијата“ за дискредитирање на наградата.
    Подоцна, Трамп напиша на својата платформа „Truth Social“: „Не знам ништо за оваа жена, а не знае ниту некој друг! Всушност, колку што знам, никој никогаш не слушнал за неа, освен фактот дека таа, сосема очигледно, го мрази Израел“.

    Нагласувајќи дека тој требало да ја добие наградата, Трамп додаде: „Нобеловата награда за ’мир‘ е засекогаш дискредитирана од грст радикални идеолози кои се против демократијата и се непријатели на цивилизацијата!“ Трамп долго време тврди дека ја заслужува Нобеловата награда за мир и упатува критики што досега не му била доделена.

    Пилај била судија и претседател на Меѓународниот кривичен трибунал за Руанда, судија во Меѓународниот кривичен суд, како и Висок комесар на Обединетите нации за човекови права во периодот од 2008 до 2014 година.

    Таа претседавала со истрагата на ОН за окупираните палестински територии од 2021 до 2025 година. Таа комисија заклучи дека Израел извршил геноцид во Појасот Газа – наод што Израел го отфрли.

    Нобеловиот комитет соопшти дека таа одиграла клучна улога во напорите за гонење на воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид, како и дека нејзината работа го проширила влијанието на меѓународното право.

    (Фото: Gage Skidmore from Surprise, AZ, United States of America – Donald Trump, CC BY-SA 2.0)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично