ПОВЕЌЕ

    Од 15 јули кафичите во Грција се делат на чисти(вакцинирани) и мешани(со маска и ПЦР тест)

    Време зa читање: 2 минути

    Од 15 јули во угостителскиот сектор важат правилата за „чисти“ и „мешани“ ресторани и кафулиња, што беше дочекано со огроченост поради најавените мерки за поделба на клиентелата на вакцинирани и „други“.

    Вакцинираните ќе се служат во „чист“, а во „мешани“ ќе можат да бидат оние кои не биле вакцинирани, но со маска и брз тест не постар од 48 часа. Мерката нема да биде лесна за спроведување, но не е единствената што се подготвува со цел да се заштитат вакцинираните и да се остави остатокот од нацијата да одлучи дали ќе биде исклучен од социјалниот живот доброволно, веќе во есен.

    Епидемиолошката слика се менува бидејќи бројот на заразени расте, тој е веќе близу 800 на ден, што е пораст што загрижува бидејќи, на пример, во јуни бројот на пациенти се намали за 75 проценти и смртните случаи за 50 проценти во споредба со до претходните месеци.

    Болеста главно ги погодува младите на возраст меѓу 18 и 34 години, но индексот на позитивност сè уште останува околу 1,2 проценти. Кризниот штаб смета дека причина за тоа е релаксацијата по седум месеци карантин, но и присуството на делта, што е регистрирано во 54 случаи досега.

    Во август се очекува да има нови случаи на инфекција со делта-вирус, па епидемиолозите размислуваат за нови мерки за запирање на неконтролираното ширење.

    Повеќе од 30 проценти од Грците досега примиле две дози вакцина. Владата на Мицотакис избегнува директен притисок врз своите сонародници, но со мерките што ги носи, им станува јасно дека вакцинацијата е единствениот начин да се заштити.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично