
Пред секој голем празник Минт Финтек Групација освен со општествено одговорни проекти, посветува внимание и на човечките приказни.
Па така е донесена одлука да отпише долг во износ од 470.000 денари на семејство од Штип кое се соочува со сериозни животни предизвици.
Станува збор за семејство кое се грижи за дете со пречки во развој, при што секојдневието им е исполнето со грижа, посветеност и финансиски оптоварувања кои често ја надминуваат нивната реална можност.
Со оваа одлука, компанијата не само што финансиски го олеснува товарот на семејството, туку испраќа и јасна порака дека зад бројките секогаш стојат луѓе, приказни и реални животи.
„Веруваме дека одговорното работење не се мери само преку резултати, туку и преку начинот на кој се однесуваме кон луѓето во заедницата. Кај нас бројките не се сѐ, одговорност и човечност градиме како комапнија” – истакнуваат од Минт Финтек Групација.
Ова не е прва ваква иницијатива на компанијата, која и претходно ви неколку наврати реализираше слични активности со цел да помогне таму каде што е најпотребно.
Во време кога многу приказни остануваат незабележани, ваквите гестови потсетуваат дека солидарноста не е само збор, туку избор.
Аналитика








