Следејќи ги потребите на современиот бизнис, Комерцијална банка обезбеди зголемени лимити за вршење ПП30 трансакции преку мобилната апликација мБанкаКо за правни лица.
Современото работење бара брзина, сигурност и финансиска флексибилност, што беше причина да воведеме зголемени лимити за вршење трансакции преку мБанкаКо за правни лица, овозможувајќи полесно и поефикасно управување со средствата од страна на компаниите.
Нов лимит за плаќање преку мБанкаКо апликацијата:
- Лимит по налог 1.000.000 денари
- Дневен лимит 10.000.000 денари
Новитетите во дигиталното банкарство на Комерцијална банка за бизнисот значат поголема финансиска слобода без дополнителни административни процедури, подобра ликвидност со плаќања без доцнење поради лимити, ефикасно управување со средствата без потреба од чести трансфери, безбедност и контрола со напредни алатки за поставување интерни лимити согласно потребите.
Оваа услуга е дизајнирана да ги поддржи компаниите во нивниот раст и развој, овозможувајќи брзи, сигурни и поедноставни финансиски трансакции.
Дознајте повеќе на следниот линк https://www.kb.mk/pravni.nspx