ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка од понеделни ќе врши исплата на пензијата за месец октомври

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка ги известува своите ценети клиенти пензионери дека почнувајќи од 31-ви октомври 2022 година ТТК Банка АД Скопје ќе врши исплата на пензијата за месец октомври на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

    Oд 31.10.2022 г. (понеделник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или во трговската мрежа.

    За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:

    • до 11.000 денари на 31.10.2022 г. (понеделник)
    • од 11.001 до 14.000 денари на 1.11.2022 г. (вторник)
    • од 14.001 до 18.000 денари на 2.11.2022 г. (среда)
    • над 18.000 денари на 3.11.2022 г. (четврток)

    Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank,  со користење на дебитните картички, а во случај на потреба од готовина преку мрежата на банкомати.

    Со цел заштита на здравјето, при неопходна посета на  филијалите и експозитурите на Банката, потсетуваме дека е потребно да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете, апелираат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично