ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка известува за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 5-ти декември 2022 година

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка од 5.12.2022 година (понеделник) ќе започне со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец ноември 2022 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во Банката.

    Корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата од 5.12.2022 г. (понеделник), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

    За корисниците кои немаат дебитни картички, исплатата во експозитурите и филијалите ќе се врши во согласност со утврдениот распоред, по азбучен редослед според првата буква од презимето и тоа:

    • 5-ти декември (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
    • 6-ти декември (вторник) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

    Од банката препорачуваат  средствата да ги користите првенствено со безготовински плаќањa  во трговската мрежа, со плаќања преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, или да ги подигнувате без провизија со дебитните картички преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

    Корисниците кои имаат бесконтактни Visa и Mastercard® дебитни картички на ТТК Банка АД Скопје можат да ги користат средствата со безготовинско плаќање без внесување ПИН за износи до 4.500 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично