ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка известува кога ќе започне со исплата на октомвриските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 31.10.2022 (понеделник).

    Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 31.10.2022 пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

    Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 31 октомври до 3 ноември , и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:

    • 31 – ви октомври  (понеделник) 2022 година, пензии со висина до 11.000 денари
    • 01 – ви ноември (вторник) 2022 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
    • 02 – ри ноември (среда) 2022 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
    • 03 – ти ноември (четврток) 2022 година, пензии со висина над 18.001 денари. 

    Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

    Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 31.10.2022 (понеделник) и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.

    Од банката апелираат да ги почитувате препораките да држите растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично