ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка соопшти кога ќе започне со исплата на пензиите за октомври

    Време зa читање: 1 минутa

    Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за октомври од понеделник, 31.10.2022 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од понеделник, 31.10.2022 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

    Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

    • Понеделник, 31.10.2022 година, исплата на пензии до 11.000 денари,
    • Вторник, 01.11.2022 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари,
    • Среда, 02.11.2022 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари,
    • Четврток, 03.11.2022 година, исплата на пензии над 18.000 денари. 

    За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, апелираме при посетата на филијалите и на експозитурите на Комерцијална банка строго да се почитува наведениот распоред, да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично