ПОВЕЌЕ

    „Поетска ноќ во Велестово“ по 34-ти пат со поддршка од Комерцијална банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка е долгогодишен пријател и поддржувач на македонското културно творештво со цел не само негово промовирање, туку и негување и создавање идни културни дејци. Во духот на оваа општествено одговорна мисија, Банката и оваа година го поддржа одржувањето на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово”.

    Целта на оваа манифестација е да се промовира културата во руралните средини со учество на домашни и меѓународни поети, сликари и музички уметници. 34-то издание на „Поетска ноќ во Велестово“ ќе биде отворено на 19 август, а е посветено на македонската поетеса Лидија Димковска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично