ПОВЕЌЕ

    ZOOM забележа пораст на приходите од неверојатни 191 процент

    Време зa читање: < 1 минутa

    Американската технолошка компанија Zoom Video Communications и понатаму продолжи да собира огромен профит од пандемискиот премин од работа и училиште кон дома, и е скоро десет пати се зголеми за разлика од минатата година.

    Приходите на Zoom за услугите за видео конференции се зголемија за 191% на годишно ниво, односно на 956,2 милиони долари во првиот фискален квартал годинава.

    Профитот скокна на 227,4 милиони долари од 27 милиони долари објави Zoom.

    „Ние ја започнавме фискалната година многу засилено во првиот квартал, со вкупен годишен раст на приходите од 191 процент во комбинација со силната профитабилност и протокот на пари“, рече основачот и извршен директор на Zoom, Ерик Јуан.

    Јуан исто така најави дека планира да ги врати работниците во нивните канцеларии. Планот вклучува и позиционирање на Zoom како услуга за телефонија заедно со постојната платформа за видео конференции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично