ПОВЕЌЕ

    ПЕТРЕСКИ: ЕКОНОМИИТЕ ШТО ЌЕ ЈА ПРОПУШТАТ ТЕХНОЛОШКАТА РЕВОЛУЦИЈА ЌЕ ОСТАНАТ СО МНОГУ НИЗОК РАСТ

    Време зa читање: < 1 минутa

    Притиснете „Subscribe“ и следете нè.

    Меѓу буџетските ограничувања, скапото задолжување и неизвесноста, каде има простор за економски оптимизам? Универзитетскиот професор Марјан Петрески го гледа во развојот на технологијата и вештачката интелигенција. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, тој оценува дека очекувањата за непосредните придобивки можеби се преголеми, додека среднорочните и долгорочните ефекти се потценуваат. За Македонија се отвора прашањето како да се вклучи во овие процеси, а дигитализацијата ја посочува како клучен чекор. Новите можности носат и ризици, за кои треба да се градат капацитети. Но, што ќе се случи со земјите што ќе останат надвор од промените?

    „Ние со вклучувањето во тие текови, се разбира дека треба да ги градиме и капацитетите за одговор на таквите ризици. Меѓутоа, мислам дека иднината за економиите е таа. Економиите кои не ќе се приклучат на таа револуција, мислам дека ќе останат многу настрана, со многу ниски стапки на раст, со многу ниски развојни можности.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично