ПОВЕЌЕ

    ПЕТРЕСКИ: ЗА ДА СЕ ЗАДРЖИ ДЕФИЦИТОТ, СЕ КРАТАТ ИНВЕСТИЦИИТЕ

    Време зa читање: 2 минути

    Притиснете „Subscribe“ и следете нè.

    Колку е реален буџетот ако парите што државата очекува да ги собере се пресметани преоптимистички? Вториот ребаланс, според универзитетскиот професор Марјан Петрески, не ја отстранува основната слабост во планирањето на јавните финансии. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, тој објаснува дека приходите треба да се споредуваат со она што навистина било наплатено претходната година, а не со тогашните неостварени планови. Неговото очекување е дека наплатата ќе расте, но ќе остане под проекциите. Што се случува кога ветените расходи остануваат, а очекуваните пари не пристигнуваат? Одговорот открива практика што се повторува низ повеќе влади.

    „Се намалуваат приходите заради намалување на приходите од акциза, на расходната страна имате потреба да додадете кај пензиските трошоци, но за да буџетскиот дефицит го задржите на 4,1% од БДП, вие ги кратите капиталните расходи. Кај капиталните расходи пак приказната е дополнително што тие беа проектирани, реков, според мене, релативно адекватно, но со првиот ребаланс се зголемија на околу 46 милиарди денари, па сега повторно се кратат на 40 и до крајот на годината, и тоа нема да се реализира.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично