ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка нема да работи на 23 октомври – дигиталните услуги остануваат достапни

    Време зa читање: < 1 минутa

    Филијалите на Стопанска банка нема да работат денес, 23 октомври (петок), поради државниот празник Ден на македонската револуционерна борба, информираат од Банката.

    Во текот на неработниот ден, клиентите ќе можат непречено да ги користат дигиталните банкарски услуги преку m-banking и e-banking, како и банкоматите на Стопанска банка.

    На располагање ќе остане и можноста за плаќање со платежните картички на Банката кај трговците што ги прифаќаат.

    Од Стопанска банка информираат дека дигиталните канали ќе им овозможат на клиентите пристап до банкарските услуги и за време на празникот.

    Вработените и менаџментот на Стопанска банка упатија честитка до граѓаните по повод Денот на македонската револуционерна борба.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично