Во 25 нетрговски трансфери реализирани минатата недела, опфатени се 4.151 акција на 19 друштва. Најголемиот дел се обични, а има и приоритетни акции.
Двојни транфери се регистрирани со акции на шест компании. Најбројни се на Македонски телеком, вкупно 1.272. Во понеделникот се процесуирани 573, а во средата 699 обични акции. Нивната просечна цена е заокружена на 500 денари, а на Берзата последното тргување е забележано на 8 април.
Првиот пренос со знакот на Либерти е со 74, а вториот со 382 обични акции. Во изминатите 52 недели со нив се тргувало 9 пати, а просечната цена е 6 денари за акција.
Сопственоста е сменета и кај 325 акции на Алкалоид: 306 во понеделник и 19 во вторник. Се работи за акција што е меѓу најтргуваните на Македонска берза, со моментална просечна вредност од 25.792,28 денари.
Вкупно се трансферирани 132 обични акции на Макстил – 100 и 32. Имаат просечна цена од 115 денари, а последното тргување е со датум од 9 април.
Евидентирани се и преноси на 50 и на 89 акции на АрцелорМиттал (ХРМ). Друштвото е долгорочно суспендирано од котација, а според податоците, цената за акција е два денари.
Во два наврати – 78 плус 1 – сопственоста е изменета кај акциите на Макпетрол. Нивната просечна берзанска вредност (од 8 април) е 109.850,91 денар.
Од единечните трансфери, според бројноста од 1.032 обични акции се издвојува Адинг. Последното тргување со акциите на друштвото било на 7 април, а просечната цена е 2.696 денари.
Во седмичната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност се влезени и 122 обични акции на Раде Кончар- Апаратна техника, чијашто просечна цена е 2.435 денари, произлезена од тргувањето на 6 април.
Во трите работни денови од изминатата недела извршени се нетрговски трансфери на 114 обични акции издадени од Триглав осигурување, 89 на Жито Лукс, 58 на Макотекс, 54 на Гранит, 50 на Македонијатурист, 16 на Уготур.
Исто така, забележани се и преноси на акции од друштвата со предзнак РЖ: Економика – 14 обични акции; Интер-Трансшпед – 15 обични акции; Техничка контрола – 6 обични акции и Услуги – 22 обични акции.
Приоритетните акции, 156 на број, се на Стопанска банка Скопје. Последното берзанско тргување со нив е забележано на 30 март, со просечна цена од 750 денари по акција.
Аналитика








