Неколку компании се вклучени во развојот на вакцина против коронавирус, а јавноста „дискутира“ кому да верува: на истокoт или на западот. Треба ли да застанеме зад вакцината произведена од Германците во соработка со Американците или да застанеме зад руската или кинеската вакцина?
Иако деновиве првенствено се води полемика за вакцината на Бионтек (во соработка со Пфајзер), таа би била доста поскапа од вакцината на компанијата АстраЗенека, т.н. „Оксфорд вакцини“. Претпоставка е дека вторите би можеле да бидат подоминантни на глобално ниво, како резултат на веројатно најниската цена на пазарот – од 3 до 4 долари по доза и се дава во две дози.
Според Гласот на Америка, вакцината на Бионтек би чинела околу 16 долари, а исто така се дава во две дози, во рок од 28 дена. Недостаток на оваа вакцина не е нејзината ефикасност, бидејќи е докажано дека е многу ефикасна, туку метод на складирање што е потребен дури и за развиените земји. Предизвикот е што мора да се чува на минус 70 степени.
На новаксовата вакцина, единечна доза треба да чини 16 долари. Од друга страна, вакцината на американската фармацевтска компанија Модерна, треба да чини помеѓу 50 и 60 долари по доза. Две дози од кинеската вакцина на компанијата „Синовак“ чинат исто, а веќе е во продажба откако ја доби дозволата.
Очекуваната цена на вакцината „Џонсон и Џонсон“ би била околу 10 евара по доза, а се базира на генетски модифициран аденовирусен вектор, сличен на оној што го направи АстраЗенека. И, конечно, дојдовме до познатата руска вакцина Спутник V, која треба да чини околу 10 долари за две дози.