ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка со коментар за периодот што следи

    Време зa читање: 2 минути

    Пандемијата од вирусот COVID-19 и понатаму претставува главен извор на неизвесност за глобалната економија. Можното воведување нови рестриктивни мерки заради нов засилен бран на нови случаи би го успорило очекуваното опоравување на економијата. Според последните објавени податоци, падот на домашниот БДП во второто тримесечје од 2020 година изнесува 12,7 % на годишна основа, што е во согласност со априлската проекција на НБРСМ и е во насока на остварување на предвидениот годишен пад на БДП од 3,5 % за 2020 година.

    ТТК Банка АД Скопје и понатаму будно ги следи сите макроекономски параметри и интерни индикатори и го прилагодува своето работење на новонастанатите состојби и пазарни услови, со фокус кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност.
    Банката ќе ги презема сите неопходни активности за одржување на квалитетот на портфолиото, развој на понудата на производи и изнаоѓање флексибилни решенија приспособени на потребите на клиентите – правни и физички лица кои ќе бидат најзасегнати од COVID-19 кризата.

    Со цел креирање одржливи и ефикасни процеси и реализација на планираниот обем на активности во согласност со Деловната политика, во услови кога е неопходно максимално ограничување на физичко присуство и контакти, Банката ќе продолжи да работи на дигитализација на процесите и надградба на производите и услугите достапни преку дигиталните канали (електронско и мобилно банкарство).

    Прочитај и: ТТК Банка со добивка над 1 милион евра

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично