ПОВЕЌЕ

    Џорџ Сорос: Постои голема закана од Германија која ќе ја уништи ЕУ!

    Време зa читање: 2 минути

    Германскиот уставен суд минатата недела донесе одлука дека Европската централна банка (ЕЦБ) го надминала овластувањето при купување на долговите на владата во рамките на програмата за квантитативно олеснување и се закани дека ќе забрани купување германски државни обврзници. Сорос стравува дека тоа може да ја уништи ЕУ.

    Унгарско-американскиот милијардер Џорџ Сорос, во интервју за британскиот „Индипендент“, го предвидува крајот на ЕУ, како што досега го знаевме, заради овој случај. „Особено сум загрижен за опстанокот на ЕУ, бидејќи тоа е нецелосна унија“ – рече Сорос и додаде:

    „Процесот на создавање на унија никогаш не заврши, што ја прави Европа крајно ранлива, поранлива од Соединетите држави, не само заради нејзината нецелосност, туку и затоа што се заснова на владеењето на правото. И тркалата на правдата се движат многу бавно.“

    Сорос изрази сериозна загриженост поради пресуда од минатата недела на германскиот Уставен суд, со кој се оспори масовното купување на државните долгови на членките на ЕУ од страна на ЕЦБ и даде тримесечен ултиматум за банката да ја оправда пропорционалноста на купувањето.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично