ПОВЕЌЕ

    ,,ПАРИ” ДЕНЕС: СКЕНИРАШ СМЕТКИ? Ова известување за МојДДВ е за тебе!

    Време зa читање: 3 минути

    Во ова тешко непредвидливо време, секој денар е значаен за да го надополни семејниот буџет. Од таа причина, многу граѓани ја користат апликацијата МОЈ ДДВ, скенираат сметки и добиваат поврат на парите секое тромесечие. Но не само граѓаните, со воведувањето на овој проект, добива и државата. Целта на овој проект беше да се субие сивата економија и неиздавањето фискални сметки.

    Денеска УЈП испрати сооштение кое е важно за секој оној кој скенира сметки..

    Управата за јавни приходи ги информира корисниците на МојДДВ дека во тек е прилагодување и ажурирање на апликацијата, поради што има извесни измени при скенирање на фискалните сметки.

    „За да може да се скенираат фискалните сметки потребно е во апликацијата во делот ,,ПРОФИЛ,, во прозорчето ,,Тип на баркод скенер,, каде што сега стои ,,Напреден,, да ја изберете опцијатата ,,Основен,,. Фискалните сметки кои не може да се скенираат преку опцијата ,,Основен,,, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи. По завршување на овој процес, Управата за јавни приходи ќе извести, повторно да ја вратите опцијата ,,Напреден,, при скенирање на фискалните сметки.“, соопшти УЈП.

    ЧИТАЈ И: „Пари“ анализира: Каде одат по 180 денари од речиси секој пензионер?

    Секој месец на пензионерите им се одбиваат по 150 денари за Солидарен фонд за посмртнина и по 30 денари за членарина. Со нивните пари, во првото полугодие од годинава Солидарниот фонд се наполнил со над 4,5 милиони евра, но во исто време, за 10.066 починати лица се исплатени 4.453.984 евра, покажуват податоците од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.  И додека за парите во Солидарниот фонд математиката е јасна, многу често пензионерите негодуваат за тоа каде одат парите од членарината. А износот не е мал. За 6 месеци се собрани над 900.000 евра. Притоа, како што покажува статистиката на Фондот за ПИОМ, околу 15-тина илјади пензионери месечно не уплатуваат членарина.

    ЗА 6 МЕСЕЦИ ПЕНЗИОНЕРИТЕ УПЛАТИЛЕ 900.000 ЕВРА ЗА ЧЛЕНАРИНА И 4,5 МИЛИОНИ ЗА ПОСМРТНИНА

    КАДЕ ОДАТ ПО 30 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ОД СЕКОЈ ПЕНЗИОНЕР, ЧИТАЈ НА ЛИНКОТ: http://pari.com.mk/isplata-penzii-penzioneri-uplatile-900000-evra-clanarina-45-milioni-posrmtnina/

    Препродавањето на електрични автомобили – нов начин на заработка во САД

    Кои се четирите најголеми неуспеси на човештвото за кои е загрижен Бил Гејтс?

    Продолжува промоцијата на атрактивниот Потрошувачки кредит на Комерцијална банка со рок на отплата до 120 месеци

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично