ПОВЕЌЕ

    Алкалоид по 23. пат на CPHI – фокус на партнерства, иновации и меѓународен раст

    Време зa читање: 2 минути

    Алкалоид и годинава е дел од CPHI, еден од водечките глобални настани во фармацевтската индустрија, кој обединува повеќе од 62.000 фармацевтски професионалци и над 2.900 изложувачи од целиот свет. За компанијата ова е 23. учество на CPHI, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

    CPhI (Convention on Pharmaceutical Ingredients) е водечки глобален настан кој ги поврзува чинителите од целиот фармацевтски синџир. Годинашното 37. издание се одржува од 6 до 8 октомври во Милано, Италија, обединувајќи ја фармацевтската заедница на едно место заради вмрежување, размена на знаења, претставување иновации и создавање нови деловни можности.

    Годинашното учество на Алкалоид на CPHI Milan 2026 се одвива во знакот на 90-годишниот јубилеј на компанијата, а во фокусот на саемското претставување се современите производствени капацитети, производственото портфолио и клучните развојни достигнувања на компанијата.

    Тимот на Алкалоид, составен од 35 претставници на повеќе организациски сектори, во текот на трите саемски денови реализираше голем број средби со своите деловни партнери и добавувачи, како и со потенцијални соработници. Главниот акцент е ставен врз продлабочување на постојните партнерства, развој на нови деловни можности и проширување на меѓународната соработка со водечките чинители во фармацевтската индустрија.

    Со повеќе од 62.000 фармацевтски професионалци и над 2.900 изложувачи од целиот свет, CPHI,  како еден од најреномираните светски собири во областа на фармацијата, ги обединува компаниите, експертите и иноваторите, нудејќи современа рамка за претставување на најновите технологии и за воспоставување стратешки партнерства што отвораат нови можности за развој на следната генерација иновативни фармацевтски решенија.

    Континуираното присуство на Алкалоид на CPHI е дел од долгорочната определба на компанијата да ги следи глобалните текови во фармацевтската индустрија, да ја зајакнува својата меѓународна конкурентност и преку нови знаења, технологии и партнерства да создава основа за иден одржлив раст.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично